Швајцарски новинари ја снимија хрватската полиција како незаконски протерува емигранти

На швајцарската државна телевизија СРФ вечерва ќе биде емитуван прилог во кој има и снимка од хрватската полиција како незаконски депортира емигранти преку границата од Хрватска во Босна и Херцеговина. СРФ во веќе достапната онлајн верзија на прилогот истакнува дека „Хрватска преку зелената граница ги прогонува емигрантите во БиХ“ и дека тоа претставува кршење на европското и меѓународното право.

Швајцарските новинари во рок од два дена документирале четири такви случаи кои се нарекуваат „пуш бек“, а во кои хрватската полиција, кршејќи ги законите кои важат во Хрватска, протерале најмалку 70 емигранти од територијата на Хрватска. Поголемиот дел од тие емигранти се со потекло од Авганистан, Пакистан и Алжир, а со нив по протерувањето разговарале швајцарските новинари.

Еден млад Пакистанец раскажл дека хрватската полиција ги фатила во шума, ги турнала во комби и ги однела до границата. Патот во комбито траел два часа, тврди сведокот. „Тогаш ни ги земаа и ги уништија мобилните телефони и нѐ испратија назад во БиХ“, изјави за СРФ Пакистанецот кој додава и дека полицајците им ги украле и парите кои ги имале кај себе.

Потресно е и сведоштвото на авганистанското семејство со мали деца на кои хрватските полицајци им се заканувале со пиштоли. И покрај тоа што од нив побарале азил, што значи дека хрватската полиција не смеела да ги депортира од Хрватска, семејството било протерано во БиХ со цинично објаснување од полицајците дека добиваат „босански азил“.

СРФ тврди и дека од уште многу емигранти слушнале дека хрватската полиција им оневозможува на емигрантите да поднесат барање за азил, што претставува кршење на законите, како и снимените групни депортации.

Хрватското министерство за внатрешни работи тврди дека сите тие обвиненија се измислица, па ќе биде интересно да се види како ќе реагираат на снимките кои докажуваат дека ја лажеле хрватската и европската јавност и дека учествуваат во кршењето на законите, пишува хрватски Индекс.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе