Швајцарската полиција со гумени куршуми и солзавец ги растерала демонстрантите против корона-мерките (ВИДЕО)

Швајцарската полиција во петокот вечер употребила гумени куршуми и солзавец за да растера стотици демонстранти против рестриктивните мерки во пандемијата на коронавирус во североисточниот град Сент Гален.

Screenshot

Полицијата најпрво изјави дека нејзините членови биле „преплавени со предмети“ и дека биле „принудени да користат гумени куршуми во самоодбрана“. Подоцна вечерта, полицијата објави дека кон нејзините членови биле фрлени молотови коктели и други запалени предмети, па полицијата употребила солзавец.

Тие ги повикаа демонстрантите да не ја напаѓаат полицијата ниту да го оштетуваат имотот, а набљудувачите да се разидат.

Според весникот Тагблат, околу 1.000 луѓе излегле на улиците на Сент Гален, град со околу 75.000 жители.

Зголемениот број на заразени со коронавирус ја принуди швајцарската влада да се откаже од мерките за олеснување.

Швајцарија, со околу 8,6 милиони жители, од почетокот на пандемијата регистрирала над 600.000 случаи на инфекција, а повеќе од 9.600 лица заразени со ковид-19 починале.

Легенда под Главна слика

Screenshot

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе