Швајцарија последен пат војувала пред 200 години, а сака да потроши милијарди на борбени авиони

Швајцарија, која последен пат војувала со некоја странска сила пред повеќе од 200 години, планира да потроши милијарди франци на нови борбени авиони.

EPA-EFE

Многумина се противат на тоа, истакнувајќи дека неутралната земја не може да си дозволи таков трошок, и оценувајќи дека не ѝ се потребни најсовремени авиони за заштита на територијата.

Истакнуваат дека ни Ирска, ни Малта ни Луксембург немаат млазни авиони па палнираната инвестиција од шест милијарди швајцарски франци би била фрлање пари.

„Кој е нашиот непријател? Кој напаѓа мала, нетрална земја, опкружена со НАТО?“, праша Приска Сеилер Граф, претставничка на социјалдемократите во швајцарскиот парламент. „Тоа е навистина апсурдно“.

Глачасите за тоа ќе се изјаснат на референдум на 27 септември.

Одобрувањето на планот на обврзувачкиот референдум би ѝ овозможило на владата следната година да избере меѓу авионите јурофајтер на Ербас, рафал на Десо, Боинговиот Ф/А-18 суперхорнет, или Ф-35-А лајтнинг 2 на Локид Мартин.

Авионите би ја замениле швајцарската флота стари авиони Ф/А-18 хорнет кои во 2030 година се повлекуваат од употреба.

Сеилер Граф кажа дека има поевтини алтернативи, како борбената верзија на на М346 на Леонардо, нудат подобра вредност од „скапите играчки“ кои се разгледуваат.

„Потребни ни се нови авиони, тоа не е спорно, но купување полесни, поедноставни авиони би било доволно. Подобро е да се има фиат од масерати“, кажа таа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе