Швајцарија има поголема стапка на инфекција со коронавирусот од Италија

Швајцарија има поголема стапка на инфекција со коронавирусот од Италија, и на 10.000 жители во моментов има 12,4 заразени.

Кога станува збор за смртните случаи, ситуацијата е многу подобра отколку во Италија.

Според актуелните официјални податоци, во моментов во Швајцарија со вирусот ковид—19 се инфицирани 11.028 лица, а умреа 154 луѓе.

Во Италија стапката на инфекцијата изнесува 11,4 заразени на 10.000 луѓе, во Шпанија 8,5 и во Германија 3,9.

Поголема стапка на инфекција од Швајцарија, врз основа на малиот број и концентрацијата на жителите во неколку центри, имаат само Луксембург и Исланд.

Меѓутоа, треба да се истакне и дека стапката на инфекцијата зависи и од тоа колку тестови се спроведуваат во која земја.

Кај поголемиот број тестови автоматски се зголемува стапката на инфекција.

Во Швајцарија, според сојузната служба за здравство, спроведени се повеќе од 50.000 тестови.

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе