Швајцарците му кажаа „не“ на оружјето поддржувајќи нов закон на референдум

Швајцарците вчера на референдум го поддржаа прелог законот за заострување на условите за поседување оружје.

Над 63 отсто од гласачите ја прифатија законската регулатива на ЕУ за огнено оружје, која беше усвоена пред две години по терористичките напади во Франција, Белгија, Германија и Британија, пренесува Асошиејтед прес.

Новиот предлог закон во Швајцарија наиде на критики на сопствениците на оружје и стрелачките сојузи.

Со новиот закон се предвидени редовна обука за уптреба на огнено оружје, специјални исклучоци за поседување некакво полуавтоматско оружје и сериско нумерирање на главните делови на некои оружја за да се олесни нивното следење.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе