Шулте е прогласен за виновен за најголемата кражба на податоци во историјата на ЦИА

Поранешниот софтверски инженер на Централната разузнавачка агенција Џошуа Шулте, е прогласен за виновен за најголемата кражба на доверливи информации во историјата на ЦИА.

Фото: ЕПА/EFE

Шулте вчера беше прогласен за виновен по девет точки од обвинението пред Окружниот суд во САД, врз основа на одлуката на поротата што расправаше во петокот.

Шулте, кој избра сам да се брани на повторното судење во Њујорк, во завршните зборови на поротниците им кажа дека ЦИА и ФБИ го направиле жртвено јагне за срамното јавно објавување на доверливи информации за разузнавачките и безбедносните агенции од страна на Викиликс во 2017 година.

Во обвинението се товари дека му дал на Викиликс алатки за сајбер напади на американската влада, кои беа објавени во март 2017 година.

Американскиот обвинител Демијан Вилијамс во изјава рече дека Шулте е осуден за „еден од најбезобразните и најштетните дејствија на шпионажа во американската историја“.

Датумот на изрекување на пресудата сè уште не е одреден бидејќи Шулте сè уште го чека судењето за обвиненијата за поседување и дистрибуирање на детска порнографија, за што тој се изјасни за невин.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА/EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе