Штрајк во Грција, прекин на патниот, воздушниот и траектниот сообраќај (ФОТО+ВИДЕО)

Во Грција работниците излегоа на еднодневен штрајк со барање за зголемување на платите, што доведе до прекини во патниот, воздушниот и траектниот сообраќај.

Фото: ЕПА

Овој штрајк е втор во Грција од почетокот на годинава, а беше организиран на повик на синдикатите на работниците од државниот и приватниот сектор, кои претставуваат повеќе од 2,5 милиони членови. Голем број демонстранти се очекуваат и пред парламентот во центарот на Атина.

Високите цени на струјата и зголемените животни трошоци предизвикаа од почетокот на месецот штрајкови и протести ширум Европа, вклучително и Германија, Франција и Шпанија.

Од почетокот на годината грчката економија бележи речиси двоен раст во однос на истиот период минатата година благодарение на закрепнувањето на туризмот, но инфлацијата е на 12 отсто, што е највисока во изминатите речиси три децении.

„Работниците се борат против инфлацијата која ги гуши грчките домаќинства, нерасчистените состојби на пазарот на труд и товарот што со години го носат на грб“, се вели во соопштението на синдикатот ГСЕЕ, кој е најголем во приватниот сектор.

Во соопштението се нагласува дека најважно е надлежните да преземат мерки за борба против инфлацијата, бидејќи високите цени на струјата и основните потреби ги одземаат приходите на домаќинствата.

ГСЕЕ заедно со синдикатот на работниците од државниот сектор АДЕДИ бараат зголемување на минималната плата која моментално изнесува 713 евра и обновување на колективниот договор за труд.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе