Штрајк на работниците на Луфтханза во Германија, откажани над 1.000 летови

Аеродромскиот персонал на германска Луфтханза почна утринава штрајк, поради што се откажани над 1.000 летови и се зголемија прекините на патувањата во текот на прометната летна сезона.

EPA-EFE

Штрајкот, кој треба да трае до 6 часот наутро во четврток, го организира синдикатот Верди, барајќи зголемување на платите од 9,5 отсто за околу 20.000 работници.

Потегот ја натера Луфтханза денес да ги откаже речиси сите летови во своите центри во Франкфурт и Минхен.

Штрајковите и недостигот од персонал веќе ги присилија воздушните превозници, вклучувајќи ја Луфтханза, да откажат илјадници летови и предизвикаа повеќечасовни редици во главните аеродроми, предизвикувајќи незадоволство кај туристите кои сакаат да патуваат по карантините поради ковид-19.

Синдикатот Верди минатиот месец побара зголемување на платите од 9,5 отсто, или месечно најмалку 350 евра повеќе во текот на 12 месеци, за околу 20.000 работници. Синдикатот истакнува дека работниците се притиснати од инфлацијата и преоптоварени поради недостигот од персонал на аеродромите.

Луфтханза понуди зголемување од 150 евра месечно до крајот на оваа година и уште 100 евра од почетокот на 2023, плус зголемување од 2 отсто од средината на 2023, во зависност од финансиските резултати на компанијата.

Верди ја одби таа понуда, кажувајќи дека не е доволна да ја надомести растечката инфлација, која во јуни во Германија достигна 8,2 отсто.

Верди и Луфтханза досега одржаа два круга преговори за платите. Третиот е предвиден за 3 и 4 август.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе