Поранешниот австриски вицеканцелар

Штрахе и по скандалот што му ја уништи кариерата летува на Ибица

Патниците на авионот за Ибица во Виена биле изненадени кога неодамна го виделе Хајнц Кристијан Штрахе, поранешниот австриски вицеканцелар, кој со својата сопруга и децата одлучил одморот да го помине на островот поврзан со аферата Ибица, која ја уништи неговата политичка кариера.

Пред две години, Штрахе на Ибица за време на летувањето, имал средба со наводна внука на руски милијардер, на која ѝ понудил предност во доделувањето јавни тендери во Австрија, за финансиска поддршка на неговата Партија на слободата (ФПО) со заобиколување на финансиските контроли на власта.

Вечерта му била подготвена, како што се испостави, замка, бидејќи целиот разговор, сите седум часа, се снимени со видеокамери, а снимките се пуштени во јавноста пред изборите за Европскиот парламент во мај оваа година.

Поради своите изјави, иако сето ова се случило пред две години, Штрахе веднаш поднесе оставка на местото вицеканцелар и лидер на ФПО.

По таков настан, некому и самото спомнување на Ибица би предизвикало негативни чувства, но очигледно не и на Штрахе, според медиумите во Австрија.

Инаку, Штрахе од млади денови постојано го поминува одморот на тој остров.

Со недели, тој одбивал на медиумите да им каже каде ќе одмора ова лето, но на шега велел дека Ибица за семеен одмор е секогаш за препорака.

Тој сега и официјално потврди дека е со семејството, како што правел во последните 17 години, на одмор во Ибица.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе