Што се случува во моментов на турско-сириската граница (ВИДЕО)

Во понеделникот вечерта некои медиуми објавија дека турската авијација нападнала база на курдските Сириски демократски сили во сириската провинција Хасака. Анкара индиректно го негираше ова, соопштувајќи дека е спремна за можна воена операција во североисточна Сирија.

„Воспоставувањето безбедносна зона е клучно за да се обезбеди мир и стабилност во регионот и Сиријците да живеат мирно“, соопшти турското Министерство за одбрана на Твитер.

Фотографии од турските копнени сили што се концентрираат близу границата со Сирија се објавени на социјалните медиуми, при што се огласи и Белата куќа, која рече дека Турција ја нема почнато најавена офанзива во Сирија.

„Засега не гледаме дека ваква операција е во тек“, рече висок официјален претставник на американската администрација.

Тас синоќа објави дека цел на нападот бил командниот центар на курдската група што ја поддржува антивладината организација на Сириските демократски сили во градот Ал Маликијах.

Раша тудеј во живо ги следи настаните на јужната граница на Турција со Сирија.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе