Што се обиде Рама да постигне во Приштина?

Политичкиот аналитичар Рамуш Тахири оцени дека премиерот на Албанија Еди Рама престојувал на Косово со цел да ги обедини политичките партии.

EPA-EFE

Тој истакнува дека не е оптимист кога станува збор за постигнување единство меѓу политичките лидери во Приштина.

Тахири за Косово онлајн вели дека Приштина во последните две-три години не слуша никого, ни германската канцеларка Ангела Меркел, ни францускиот претседател Емануел Макрон, ни американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот специјален претставник Ричард Гренел, па затоа не верува ни дека некој ќе го послуша Рама.

Тој укажа дека во Приштина веќе подолго време не доаѓаат странски државници и дека Косово е во изолација.

Тахири смета дека Рама во Приштина престојувал во сложен момент, односно по објавувањето на предлог обвинението за воени злосторства против претседателот на Косово Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово Кадри Весељи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе