Што прават руски стратегиски бомбардери во Јужноафриканската Република? (ФОТО+ВИДЕО)

Два руски стратегиски нуклеарни бомбардери слетаа во Јужноафриканската Република на тренинг мисија вчера, таман на време за рускиот претседател Владимир Путин таму да го отвори Руско-африканскиот самит.

Стратегиските бомбардери тупољев Ту-160 слетаа во воздухопловната база Ватерклоф во Цване во средата, соопштија Јужноафриканските национални одбранбени сили.

Станува збор за најголемите воени авиони во светот, и за најбрзите бомбардери кои во моментов се во служба каде било во светот. Тие можат да носат нуклеарни боеви глави.

Руското министерство за одбрана објасни дека мисијата е наменета за негување на воените врски со Јужноафриканската Република.

Првиот Руско-африкански самит, кој Путин го отвори истиот ден, е дел од руската иницијатива да го поврати политичкото влијание и економските врски со Африка кои ги изгуби по распадот на Советскиот Сојуз во 1991. СССР, нормално, за време на Студената војна поддржуваше многу африкански земји во кои по антиколонијалната борба за независност на власт дојдоа радикално левичарски лидери.

А Путин не ја крие својата тага по СССР и глобалното влијание кое тогаш го имаше Русија, а кое тој сега сака да го врати. Тој во една прилика распадот на СССР го нарече „нејголема геополитичка катастрофа на 20 век“.

А додека Русија го обновува своето влијание во Африка и на Блискиот Исток, САД со Доналд Трамп на челото, како што изгледа, полека се пволекува од тие делови на светот – воено но и политички.

„Многу руски компании долго и успешно соработуваат со партнери од различни сектори на африканската економија и планираат да го рашират своето влијание во Африка. Ние, нормално, мораме да им пружиме поддршка на државно ниво“, кажа Путин на самитот.

Освен политичкото влијание, Русија е заинтересирана за Африка и поради нејзиното минерално богатство и можниот вносен пазар за руското оружје, пишува Ројтерс.

На Руско-африканскиот самит, кој завршува денес, учествуваат дури 43 од 54 државни лидери од африканскиот континент. Кремљ соопшти дека самитот ќе се одржува секои три години.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе