Што ќе се случи со границата меѓу Ирска и Британија по брегзитот?

Главниот европски преговарач за брегзитот, Мишел Барние, изјави денес дека ќе мора да се проверува стоката која патува меѓу ЕУ и Британија, но дека контролите нема да се вршат на ирскиот остров, на границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска, откако Обединетото кралство ќе ја нашушти Унијата кон крајот на март следната година.

„Мора да се проверува стоката што ќе патува меѓу ЕУ и Британија, но се договоривме контролите да не се вршат на границата меѓу Ирска и Северна Ирска“, кажа Барние.

Тоа значи дека ќе мора да се проверува стоката која во Северна Ирска доаѓа од остатокот на Британија. На тоа остро се противи северноирската унионистичка партија ДУП, која на малцинската влада на Тереза Меј ѝ го обезбедува потребното мнозинство во парламентот. Меј истакна и дека нема да прифати никакво решение кое би ја третирало Северна Ирска различно од остатокот на земјата.

Барние кажа дека „договорот е на дофат“ меѓу двете страни, кои интензивно преговараат неделава за да дојдат до компромисни решенија околу кои сѐ уште има разлики, кажувајќи дека треба да се оствари напредок до самитот на ЕУ кој ќе се одржи следната недела и кој се смета за одлучувачки за прашањето дали брегзитот ќе се случи со или без договор.

Барние истакна дека двете страни исклучуваат поставување физичка граница на ирскиот остров, но дека брегзитот наметнува потреба за царинење, проверка на стоката за да се утврди дали ги задоволува стандардите на ЕУ и решавање на прашањата поврзани со данокот на додадена вредност.

Тој кажа дека царинските декларации би можеле да се пополнуваат „онлајн“ претходно, а потоа би требало само да се скенураат бар-кодовите на камионите и контејнерите, што би можело да се прави на траектите или во пристаништата.

Меѓутоа, за преминување на животни и производи од животинско потекло проверките ќе мора да се вршат на границата. Тој истакна дека тие проверки ќе треба да се одвиваат што е можно поедноставно.

Прашањето на границата меѓу Ирска и Северна Ирска, која ќе биде единствената копнена границата меѓу ЕУ и Британија, е последното прашање кое треба да се реши за да се дојде до договор за излегувањето на Британија.

Следната недела во среда и четврток ќе се одржи самитот на ЕУ на кој лидерите на 27-те земји членки ќе сакаат да имаат напредок во преговорите за потоа на дополнителен вонреден самит во ноември да се усогласи заедничката декларација за идните односи.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе