Што ќе се случи ако вирусот стигне во земја што не може да се справи со него?

Многу земји со ниски и средни приходи едноставно ги немаат средствата да го забележат или да го спречат ширењето на новиот коронавирус. Постои страв дека таму тој може да се шири неконтролирано и дека некое време може да помине незабележано, вели Би-би-си откако Светската здравствена организација вчера прогласи вонредна состојба во целиот свет.

Ова е болест што се појави минатиот месец - а сепак веќе има скоро 10.000 потврдени случаи на заразени во Кина.

Епидемијата на еболата во 2014 година во Западна Африка, најголема во историјата на човештвото, покажа колку лесно може ваквите епидемии да ги совладаат посиромашните држави.

А ако новиот коронавирус брзо се вметне во таквите места, тогаш би било неверојатно тешко да се спречи ширењето.

Ние сè уште не сме во таа фаза, бидејќи 99% од случаите се во Кина, па СЗО е убедена дека земјата може да ја исконтролира епидемијата.

Но прогласувањето глобална вонредна состојба му овозможува на СЗО да им помогне на земјите со понизок и среден приход да го зајакнат надзорот на болести - и да ги подготви за евентуалните случаи на заразени.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе