Што ако победничките коалиции во Црна Гора не формираат парламентарно мнозинство

Ако преговорите на трите чпобеднички коалиции на парламентарните избори во Црна Гора пропаднат и денес не биде формирано парламентарно мнозинство, следат нови избори.

EPA-EFE

Ако парламентот се конституира, претседателот на државата има рок од 30 дена да предложи мандатар, по консултациите со партиите, а теоретски тоа би можел да го направи веќе на 24 септември.

Во рок од 90 дена откако претседателот за прв пат ќе предложи мандатар, ако изборот не биде направен, собранието се распушта и се распишуваат нови избори.

Нови избори не можат да бидат распишани пред истекот на 90 дена од конституирањето на парламентот.

Од денот на распишувањето на изборите не може да пројдат помалку од 60 ни повеќе од 100 дена.

Теоретски нови избори можат да се одржат на крајот на февруари 2021, со тоа што актуелната влада на Душко Марковиќ би продолжила да ја води државата, а парламенто до изборите би ја имал законодавната власт, пишува подгорички Вијести.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе