Штетите од катастрофалните поплави во Германија достигнуваат 30 милијарди евра (ВИДЕО)

Штетата предизвикана од катастрофалните поплави во јули во Германија веројатно ќе достигне 26 милијарди евра, изјави денес кандидатот за канцелар на конзервативците Армин Лашет.

EPA-EFE

„Според првичните проценки, само во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија вкупната штета се качува на над 13 милијарди евра“, кажа претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на таа покраина, која ја погодија незапаметени поплави.

Во Рајнската област-Пфалц, сојузната покраина која најтешко настрада, „се очекува сличен, ако не и поголем износ на помошта“, додаде на вонредната седница на покраинскиот парламент на Северна Рајна-Вестфалија.

Разорните поплави кои на 14 и 15 јули го погодија западот на Германија однесоа најмалку 190 животи.

Во Северна Рајна-Вестфалија се оштетени повеќе од 150 училишта и 200 градинки, бројни лекарски ординации и 50 аптеки, кажа Лашет опишувајќи ги размерите на најголемата природна катастрофа која ја погодила таа држава од формирањето на Западна Германија по Втората светска војна.

Лашет кажа дека погодените можат да сметаат на солидарноста на останатите Германци, додека шеснаесетте сојузни покраини и сојузната влада подготвуваат сеопфатен план за помош во обновата на настраданите региони.

„Работиме на план за обнова кој се мери во милијарди“ евра, кажа кандидатот за наследник на канцеларката Ангела Меркел. „Сите покраини се спремни да придонесат“, за да се соберат тие 20 до 30 милијарди евра, изјави тој.

Конзервативците водат во анкетите пред парламентарните избори на 26 септември на кои ќе се бира наследник или наследничка на Ангела Меркел, која ќе се повлече по шеснаесет години канцеларска должност.

ЦДУ е на мета на критики поради начинот на справување со катастрофалните поплави кои, покрај човечките жртви, предизвика огромна штета, однесе куќи и уништи цели општини.

Германија сака да извлече поука од оваа трагедија и размислува како да го усоврши системот за тревога на природни непогоди, со испраќање смс-пораки за предупредување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе