Прогласот за вонредна состојба на војската ѝ дава овластувања да апси и протвора луѓе, и да ги контролира јавните протести, што инаку е исклучиво надлежност на полицијата.
Општиот штрајк низ Шри Ланка ја отежна работата на школите, јавната управа и продавниците, а десетици илјади луѓе излегоа на улиците за да бараат оставка на претседателот и неговата влада. Црни знамиња се закачени во градовите додека се одвиваат демонстрациите низ земјата, а нагло се намалил бројот на доаѓањето на работа во канцелариите на јавната управа, приватниот сектор и училиштата, соопшти владата.
Железничките услуги се исто така целосно прекинати. Над 3.000 работници од главната извозно-производна зона во земјата исто така престанале со работа и се придружиле на протестот во близина на главниот град.
Студентски протест со околу 3.000 учесници пред зградата на парламентот беше разбиен по тензична ситуација. На бензинските пумпи низ земјата има долги редови.
Протестите во земјата се интензивираа минатиот месец, вклучувајќи и еден пред канцеларијата на претседателот во Коломбо, на кој беше побарано претседателот и неговиот брат, премиерот Махинда Раџапакса, да поднесат оставки во време кога земјата се соочува со зголемување на трошоците за живот и недостиг од гориво, лекови и гас.
Шри Ланка остана без американските долари потребни за увоз на гориво, гас, лекови и неопходните прехранбени производи. Владата се обрати за помош до Меѓународниот монетарен фонд, Азиската развојна банка, Светската банка, и Индија и Кина.