Вучиќ нареди истрага

Шпионска афера во Србија, руски разузнавач подмитувал „српски агент“ (ВИДЕО)

Српската премиерка Ана Брнабиќ кажа дека претседателот Александар Вучиќ дал налог да се истражи можната шпионска афера за врбување српски агенти по пишувањето на одделни медиуми.

Според претходните тврдења, руски дипломат и припадник на руската воена разузнавачка служба ГРУ, за кого се верува дека е Георгиј Клебан, бил снимен како дава пари на наводно високопозициониран функционер на Србија, кој е негова разузнавачка врска во Србија. На социјалните мрежи беше објавена и видео-снимка, за која Безбедносно-информативната агенција соопшти дека е автентична.

Српската премиерка Брнабиќ изјави дека се истражува можната шпионска афера во која руски шпиони врбуваат српски агенти и дека подоцна денес ќе има повеќе информации за тоа.

Утринава за утре беше најавена средба на Вучиќ со рускиот амбасадор во Србија Александар Боцан Харченко, но не се знае дали средбата е поврзана со овој случај и на чија иницијатива се одржува.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа средба на двајца мажи на паркинг, од каде двајцата заминуваат до автомобилот на едниот од нив. Наводниот „руски разузнавач“ му дава пластично ќесе на „српскиот агент“, кој го остава во паркираниот автомобил. Двајцата мажи потоа заминуваат во блиско кафуле, по што се разделуваат.

Кога мажот означен како „српски агент“ се враќа кај својот автомобил и го отвора пластичното ќесе што го добил, во него има плик со пари, пишува Радио слободна Европа.

Снимката е објавена на 17 ноември.

Угледниот истражувачки новинар Христо Грозев на Твитер истакна факти кои делумно ги потврдуваат наводите на медиумите.

„Она што го знаеме досега е дека Клебан е офицер на ГРУ, дека е снимен како разменува ќесе со некого во Белград и дека ненадејно заминал од своето место со помош на аташе на руската амбасада во Белград меѓу јуни и август годинава.

Не знаеме кој е автор на снимката“, напиша тој.

Грозев наведува дека станува збор за Георгиј Клебан чиј идентитет бил утврден со помош на апликацијата за споредување лица Мајкрософт азур.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе