Шпионска афера во Словенија поради наводното дејствување на хрватската разузнавачка служба

Словенечкиот премиер Марјан Шарец свика за денес попладне итна седница на словенечкиот совет за национална безбедност поради наводното дејствување на хрватската разузнавачка агенција СОА во Словенија.

Хрватскиот амбасадор по тој повод е повикан на разговор во словенечкото министерство за надворешни работи, а словенечката амбасадорка во Загреб е повикана на консултации во Љубљана.

Откако Шарец претходно изјави дека го загрижува хрватското однесување бидејќи наводно хрватската разузнавачка служба СОА ги прислушувала поранешниот словенечки арбитер во постапката за границата Јернеј Секолец и словенечката функционерка Симона Дреник за да го дискредитираат арбитражниот процес, приказната синоќа дополнително ескалираше со тврдењата на ПОП ТВ дека посредникот на хрватската влада Иван Тољ се обидел да го сопре емитувањето на репортажа за прислушувањето.

Од кабинетот на словенечкиот премиер велат дека Шарец е „загрижен поради обидот за влијание на хрватски претставници врз известувањето на телевизијата ПОП ТВ за дејствувањето на хрватската разузнавачка служба“, и дека станува збор за сериозни тврдења кои бараат соодветни објаснувања.

„Таквите притисоци врз медиумите се недозволиви и во спротивност со темелните принципи на демократијата“, се наведува од кабинетот на словенечкиот премиер.

Телевизијата ПОП ТВ вчера објави снимка со која, како што тврди, се докажува дека Иван Тољ се обидел да спречи објавување на нивната приказна за вмешаноста на хрватски разузнавачи во тајно снимање на словенечки функционери и судии со цел компромитирање на арбитражната постапка и подоцнежната пресуда за поморската граница меѓу Словенија и Хрватска која Загреб не сака да ја признае.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе