Според германската разузнавачка служба

Шпигл: Турција го организирала превозот на мигрантите до грчката граница

Турската држава била вмешана во неодамнешните инциденти на турско-грчката граница, пишува германски Шпигл.

Неделникот, повикувајќи се на информации од германската разузнавачка служба БНД, наведува дека пред еден месец турските власти ги качиле бегалците во автобуси и ги одвезле до копнената граница со Грција.

Меѓу илјадниците емигранти имало и турски војници кои ги поттикнувале на лице место, на границата, инцидентите, се истакнува во извештајот на БНД.

Претставниците на турските безбедносни служби негираа каква било вмешаност во ситуацијата.

Грчката влада уште претходно изнесе сомнеж дека турски државјани биле во толпата луѓе за време на инцидентите на границата.

Грците се повикуваа на изјави на безбедносните сили на лице место, кои известуваа дека турски војници фрлале камења и дека се обидувале да ја пресечат граничната ограда.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе