Шпигл објави дека Аушвиц го ослободиле Американците, па се извини (ФОТО)

Германскиот весник Шпигл објави на социјалните мрежи дека американската војска го ослободила нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц.

Во постот што го објави Шпигл, Аушвиц бил најголемиот логор на смртта на нацистите кој, како што наведе весникот, „пред 75 години го ослободи американската војска“.

На грешката најпрво посочиле корисниците на социјалните мрежи.

Потоа, неделникот се извини за „многу непријатната грешка“ и истакна дека критиката ја сфаќа како „правична казна“.

Шпигл потоа го поправи својот пост и напиша дека логорот го ослободила Црвената армија.

Аушвиц на 27 јануари 1945 година го ослободија советските трупи.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе