Шпигл: Хрватската полиција ги мачи и тепа емигрантите (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Германскиот весник Шпигл објави текст во кој тврди дека хрватските полицајци ги тепаат емигрантите при обидот за преминување на границата од Босна. Освен сведоштва на емигрантите, објавија и видео на кое се гледа претепан емигрант од босанската страна на границата во мокри панталони и без чевли и униформирано лице од другата страна.

EPA-EFE

Ова е само едно од бројните сведоштва во последните неколку години за наводното насилство на хрватските полицајци на границата со БиХ.

Претепување, електрични шокови, корнење нокти на нозете се некои од обвинувањата кои емигрантите ги изнесуваат против хрватските полицајци. Британски Гардијан претходно пишуваше за тоа, а Шпигл сега некои од тие тврдења ги поткрепи со снимки.

Германскиот весник во соработка со медиумската организација Лајтхаус рипортс по повеќе месеци истражување го реконструирале патот на емигрантот „Ибрахим“ и делумно ги потврдиле неговите и обвинувањата на други емигранти.

Ибрахим пред две години тргнал од Кашмир со цел да стигне во Европа. Хрватската граница се обидел да ја мине десетици пати, но во март тој пат завршил кобно.

Тој и други тројца емигранти раскажале за Шпигл дека со уште 50 други, меѓу кои и малолетници, тргнале на пат. Границата ја минале покрај селото Штурлиќ во БиХ. Било студено, а ноќта спиеле во евтини вреќи за спиење. По околу седум дена стигнале до реката Купа на границата со Словенија, каде што ја минале ноќта.

Ги изеле последните резерви храна и минале преку реката. Сопреле кај шумата покрај селото Кочевје. Таму требало да се најдат со шверцерите кои требало да ги однесат до Италија. Но никој не се појавил.

„Издржавме три или четири дена без храна и пиење“, кажал Ибрахим и додал дека тогаш се откажале.

Словенечката полицијата ги пресретнала набрзо откако го напуштиле местото на криење. Ги однеле во полициска станица, каде поединечно ги испрашувале, фотографирале и им зеле отпечатоци од прсти. Сите кажале дека побарале да пополнат документација за баратели на азил.

„Нема азил, се враќате во Босна“, им кажале.

Видеото може да биде вознемирувачко за некои лица:

Словенечката полиција потврдила за Шпигл дека ги привела бегалците, но негираат дека Ибрахим побарал азил па го предале на хрватската полиција во согласност со договорот за враќање. И хрватските и словенечките полицајци ги потпишале документите за предавањето.

Кога завршиле во рацете на хрватската полиција, нештата почнале да се одвиваат многу брзо. Униформирани полицајци ги одвеле до реката на границата каде што веќе ги чекале маскирани мажи. Ибрахим раскажал дека еден од маскирани го фатил за врат и го одвлечкал кон реката, додека другите го тепале.

„Ме тепаа како луди“, кажал Ибрахим. Тројцата други емигранти кои биле со Ибрахим кажале дека ги тепале со метални шипки.

Маскираните мажи потоа го турнале Ибрахим кон реката Глина, која е природна граница со БиХ. Се наоѓале на место каде што реката е широка само неколку метри.

„Брзо скокај“, му кажал маскираниот човек на англиски јазик. „Врати се во Босна“.

„Никогаш во животот не сум бил толку преплашен“, кажал Ибрахим.

Матаподатоците од снимката направена со мобилен телефон покажува дека е направена на 23 март во попладневните часови. Објектите во позадина потврдуваат каде настанот се одиграл. Маскираните мажи не можат да се идентификуваат, нормално. Но нивното присуство во близина на границата сугерира дека се дел од хрватските безбедносни сили.

Шпигл пишува дека е малку веројатно дека маскираните мажи можеле да дејствуваат самостојно без знаење на властите среде бел ден.

По најновата репортажа за мачење на емигранти на хрватската граница, се огласи хрватското министерство за внатрешни работи.

Тие ова го толкуваат како „уште еден бран неосновани обвинувања“ на нивна сметка. Отфрлајќи ги тврдењата за полициско насилство, министерството во соопштение наведува дека првиот бран обвинувања бил пред донесувањето на одлуката за исполнување на техничките услови за пристапување на Хрватска во Шенген, како и за време на хрватското претседателство со Советот на ЕУ.

„Двата наведени брана обвинувања се од истата кујна, односно низа невладини организации кои дејствувале, односно сè уште дејствуваат на територијата на Босна и Херцеговина, додека ниедна од нив не дејствува во Хрватска“, тврди хрватското министерство.

Додаваат дека целта на тие невладини организации е „исклучиво и само дискредитирање на Хрватска“. Целта е, истакнуваат, да се негира фактот дека Хрватска има право на заштита на своите граници, а конечната цел е создавање притисок и пласирање негативна слика во јавноста за да се спречи донесување одлука за членство во Шенгенскиот простор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе