вторник, 16 април 2024

Гроси: Загрижен сум дека Израел би можел да гаѓа ирански нуклеарни објекти

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, рече дека е загрижен оти Израел може да гаѓа ирански нуклеарни објекти, но додаде дека инспекциите на МААЕ на иранските нуклеарни постројки ќе продолжат денеска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето да ја коментира можноста за израелски воздушен напад врз иранските нуклеарни објекти, Гроси рече дека МААЕ „секогаш е загрижена за таквата можност“ и апелираше на „максимална воздржаност“, пренесува Ројтерс.

Началникот на израелскиот Генералштаб Херзи Халеви во понеделникот изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот напад извршен во текот на ноќта меѓу саботата и неделата, за кој Техеран рече дека бил извршен како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој Иран го обвинува Израел.

Гроси додаде дека Иран ги затворил своите нуклеарни објекти во неделата поради „безбедносни причини“ и дека МААЕ, иако биле отворени во понеделникот, ги држела своите инспектори подалеку од нуклеарните централи „додека не види дека ситуацијата е целосно смирена“.

„Продолжуваме денес. Ваквиот развој на настаните немаше влијание врз нашите активности поврзани со инспекциите“, рече Гроси.

Инспекторите на МААЕ редовно ги посетуваат главните нуклеарни централи во Иран.

Техеран вели дека неговата нуклеарна програма е мирољубива, но западните сили го обвинуваат Иран дека се обидува да изгради нуклеарна бомба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ