Според анкетите

Шпанските социјалисти со најмногу гласови, но недоволно за влада

Владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) доби денес на изборите најмногу гласови, но недоволно за составување влада, покажуваат првите излезни анкети направени непосредно по затворањето на гласачките места во 20 часот.

Партијата од левиот центар ПСОЕ на премиерот Педро Санчез добива меѓу 116 и 121 место во парламентот со 350 места, покажува анкетата на куќата за испитување на јавното мислење ГАД направена и објавена на шпанската државна телевизија РТВЕ. За формирање влада се потребни 176 пратеници.

Левата коалиција Унидас Подемос добива од 42 до 35 места па во случај на потенцијална коалиција со ПСОЕ левицата би имала меѓу 158 и 166 места, што е сѐ уште недоволно за составување влада. Во тој случај би морала да ја добие поддршката од помалите каталонски партии кои инсистираат на референдум за независност на Каталонија од Шпанија. ПСОЕ досега ја одбиваше идејата за референдум.

Десницата, според оваа анкета, се наоѓа уште подалеку од формирање влада. Најголемата опозициска партија, Народната партија од десниот центар, добива од 69 до 73 места, партијата од центарот Граѓани 48 или 49, а екстремно десничарскиот Вокс 36 до 38. Сите заедно би имале меѓу 153 и 160 места, исто така под потребните 176.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе