Шпанските служби спасиле 450 мигранти

Шпанската Поморска спасувачка служба соопшти дека нејзините припадници спасиле 450 луѓе кои се обидувале да стигнат од Северна Африка до Европа.

Соопштено е дека 294 мигранти пловеле преку Гибралтар во 17 брода и дека бројот додатно би можел да се зголеми бидејќи по два брода сѐ уште се трага.

Малку подалеку на исток, од три брода се извлечени 156 мигранти, вклучувајќи 30 жени и шест деца.

Агенцијата за миграции на ОН наведе дека од почетокот на годината во Шпанија пристигнале повеќе од 18.000 мигранти, а само на 29 јуни се спасени речиси 800 лица.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе