Шпанскиот премиер вети дека ќе ја криминализира проституцијата

Шпанскиот премиер Педро Санчез повторно вети, во говорот на последниот ден од конгресот на својата Социјалистичката партија одржан во Валенсија, дека ќе ја криминализира проституцијата, која ја нарече поробување на жените, пренесува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Проституцијата во Шпанија била декриминализирана во 1995 година, а во 2016 година ОН ја процени вредноста на таа индустрија во земјата на 3,7 милијарди евра.

Во 2019 година, за првпат во својот изборен манифест, Социјалистичката партија на Санчез вети дека ќе ја забрани проституцијата, што беше протолкувано како обид да се привлечат што повеќе женски гласачи.

Во манифестот проституцијата се нарекува „еден од најсуровите аспекти на феминизација на сиромаштијата и еден од најлошите форми на насилство врз жените“.

Меѓутоа, две години по изборното ветување, ниту еден предлог -закон не е претставен.

Според истражување од 2009 година, секој трет маж платил за сексуални услуги барем еднаш, а истражување на ОН во 2011 година ја наведува Шпанија како трет најголем центар за проституција во светот, зад Тајланд и Порторико.

Проституцијата во моментов е нерегулирана во Шпанија и нема казна за оние кои доброволно нудат секс за пари, се додека тоа не се прави на јавни простори. Но, подведување е нелегално.

По декриминализацијата, проституцијата процветала во Шпанија и во моментов околу 300.000 жени работат како проститутки во таа земја.

Застапниците на декриминализацијата тврдат дека тоа им донесло огромни придобивки на жените и дека животот во таа професијата им станал побезбеден.

Но, во последниве години, постои зголемена загриженост за бројот на жени принудени на проституција.

Во 2017 година, шпанската полиција во рации против трговци со луѓе идентификувала 13.000 жени, а најмалку 80 проценти од нив биле сексуално искористени против својата волја.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе