Шпанскиот премиер одби да го прими самопрогласениот венецуелски претседател Гуаидо

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека е неопходен дијалог за решавање на кризата во Венецуела.

Тој е мета на критики од страна на опозицијата поради тоа што одби да разговара со проамериканскот лидер на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо.

„Тоа е сложена криза која бара дијалог... Ставот на шпанската влада секогаш бил да се дава предност на дијалогот на опозицијата и власта на претседателот на Венецуела Николас Мадуро“, изјави Санчез.

Шпанскиот премиер додаде дека неговата влада секогаш ја поддржувала опозицијата во Венецуела и додаде дека се залага за организирање избори во таа земја. Санчез потсети дека Шпанија му пружи поддршка на опозиционерот Леополд Лопез кој се засолни во шпанската амбасада во Каракас.

Санчез, кој беше еден од првите европски лидери кои го поддржаа Гуаидо минатата година како привремен претседател на Венецуела, предизвика критики што не го прими вчера.

Гуаидо, кој престојува во посета на европските земји, се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон. Во Мадрид тој разговараше со пефицата на шпанската дипломатија Аранча Гонзалес.

Шпанската десница смета дека Санчез го сменил ставот за Гуаидо по влекувањето во коалиција со радикалната левица, партијата Подемос, која е блиска со владата на Мадуро.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе