Мадрид, Шпанија

Шпански воен авион се сруши по парадата (ВИДЕО)

Воен авион се сруши во базата Лос Лианос во Шпанија по воената парада одржана во Мадрид, соопшти шпанското Министерството за одбрана. Пилотот загинал.

Авионот учествувал во воената парада „12 Октомври“ по повод Националниот ден, објавија шпанските медиуми.

Портпаролот на шпанскиот Сектор за вонредни ситуации изјави дека борбениот авион „Еурофајтер“ се урна во поле во близина на воената база Лос Лианос во близина на градот Албасете во југоисточниот дел, при што пилотот загина, објави Ројтерс.

Авионот учествуваше на воената парада по повод одбележувањето на шпанскиот национален празник, а при враќањето се сруши, соопшти Министерството за одбрана на Шпанија.

Причините за несреќата се испитуваат, додаде Министерството.

Албасете се наоѓа околу 300 километри југоисточно од главниот град.

Воените трупи и полицијата денеска маршираа низ улиците на Мадрид во знак на одбележување на националниот празник на Шпанија, сред една од најголемите кризи со кои се соочува земјата, бидејќи нејзината богата североисточната провинција Каталонија се заканува со отцепување.

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе