Пучдемон пак не одговори конкретно

Шпанската влада в сабота ќе ѝ ја одземе автономијата на Каталонија

Шпанската влада ќе ѝ ја одземе автономијата на Каталонија и ќе ѝ наметне директна власт откако каталонскиот лидер Карлес Пучдемон одби да се откаже од барањето независност, што ја внесе Шпанија во најголемата политичка криза во последниве 40 години, вели Гардијан.

Објавата на овие невообичаени мерки доаѓа откако Пучдемон се закани со еднострано прогласување независност ако не се одржат разговори со Мадрид.

Владата на Шпанија соопшти дека в сабота ќе го покрене членот 155 од Уставот, со кој ѝ се одзема автономијата на провинцијата Каталонија, објави канцеларијата на премиерот Маријано Рахој.

Оваа одлука владата ја донела откако каталонскиот лидер Карлес Пучдемон не даде директен одговор на прашањето на Мадрид дали прогласил независност на Каталонија или не.

Пучдемон изјави дека каталонскиот парламент би можел да гласа за усвојување формална декларација за независност на Каталонија ако не се одржат разговори со Мадрид.

Во соопштението утрово шпанската влада вели дека Пучдемон повторно не потврдил дали е прогласена независност и додава: „На вонреден состанок в сабота владата ќе одобри мерки што ќе бидат испратени до сенатот за да се заштити општиот интерес на Шпанците, вклучително и на граѓаните на Каталонија, и да се врати уставниот поредок во автономната заедница“.

Владата во соопштението ги критикува каталонските власти за „намерно и систематско барање институционална конфронтација, и покрај сериозната штета што ја предизвикува врз соживотот и економијата на Каталонија“.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе