Граѓани на Гвинеја

Шпанската полиција откри мигранти стуткани во неверојатни прегради во автомобил (ВИДЕО)

Шпанската полиција пронајде двајца мигранти скриени во прегради на автомобил што ја минувал границата меѓу Мароко и шпанскиот град Мелила на брегот на Северна Африка.

Видеото е снимено на 23 ноември, а шпанските власти соопштија дека во возилото со марокански регистарски таблички биле пронајдени маж и жена.

Жената била пронајдена стуткана во преградата помеѓу задното седиште и багажникот, а мажот помеѓу инструмент-таблата и моторот.

Пронајдените мигранти се граѓани на Гвинеја. Им била дадена лекарска помош бидејќи биле изложени на токсични гасови.

Двајца Мароканци се осомничени за трговија со луѓе.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе