Шпанската полиција ја уништува албанската мафија

Во акција на шпанската полиција против албанската мафија на неколку локации во таа земја уапсени се повеќе од сто луѓе, а уништени се околу 25.000 садници марихуана. Шпанската полиција тврди дека шверцувањето марихуана ја донело албанската мафија во самиот врв на криминалните организации во Европа во последните неколку години.

Фото: ЕПА

Истрагата траела повеќе од една година и на крај биле уапсени 107 лица поврзани со албански криминални групи, кои шверцувале марихуана низ Европа, објави шпанската полиција.

Наводните криминалци се уапсени на 51 локација во Шпанија, а за време на акцијата се уништени 25.000 садници марихуана, еден тон спакувана дрога, 70.000 евра и дел од оружје и опрема.

Полициската акција ги опфатила Тарагона, Барселона, Ѓирона и Кастељон, а полицајци од Албанија и Германија исто така учествувале во процесот на идентификување на криминалците. Во акцијата учествувале четиристотини агенти.

Шверцот на марихуана ѝ овозможи на албанската мафија „да се натпреварува со други криминални организации, како што е италијанската или балканската мафија“, соопшти шпанската полиција.

Полицијата, исто така, изјави дека нелегалните плантажи на марихуана краделе струја од локалните мрежи, со што е предизвикана штета проценета на околу 1,6 милион евра.

Шпанската полиција предупреди дека во моментов се спроведуваат неколку акции против албанската мафија, главно под закрила на Европол.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе