Шпанска десничарска партија поради емигрантите бара изградба на ѕид

Шпанската крајно десничарска партија Вокс предложи изградба на ѕид околу двете шпански енклави на северот на Африка за да спречи нелегален влез на емигранти.

Генералниот секретар на партијата Хавиер Ортега Смит кажа дека ѕидовите се потребни за да се спречи „лавината“ од емигранти кои ја уриваат пограничната ограда и нелегално влегуваат во двата шпански града на брегот Мелија и Цеута.

Партијата не мисли дека Шпанија треба да бара или да очекува од Мароко да ги плати ѕидовите, за разлика од ѕидот на јужната американска граница за која претседателот на САД Доналд Трамп инсистираше дека Мексико треба да го финансира.

Шпанското министерство за внатрепни работи соопши дека 3.624 емигранти преку копно влегле во шпанските автономни градови Мелија и Цеута без одобрување, од почетокот на годината до крајот на август. Тоа е 951 помалку отколку во истиот период минатата година.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе