Би можеле да траат до мај

Шпанија воведува вонредна состојба и полициски час

Шпанскиот премиер Педро Санчез вчера најави воведување вонредна состојба во следниот шестмесечен период, а ќе биде проследен со полициски час во целата земја, со исклучок на Канарските Острови.

EPA-EFE

„Ситуацијата низ која минуваме е екстремна“, кажа Санчез во телевизиското обраќање до своите сограѓани по вонредната средба на советот на министри.

Вкупниот број случаи на зараза во Шпанија изнесува повеќе од милион и земјата во моментов се соочува со навидум неконтролиран пораст на бројот на новозаразени.

Санчез кажа дека во таквиот контекст воведувањето „вонредна сотојба е најефикасната мерка за израмнување на кривата на заразата“.

Истакна дека состојбата на готовност на почетокот ќе трае 15 дена, како што е предвидено со уставот, и дека по тоа од членовите на парламентот ќе бара нејзино продолжување до 9 мај како датум за завршување на вонредната состојба во земјата.

За полицискиот час шпанскиот премиер кажа дека тој на почетокот ќе трае од 23 до 6 часот наутро, со можност одредени региони да го поместуваат нанапред или наназад неговото почнување во зависност од состојбата. Исклучок ќе бидат само Канарските Острови поради малиот број заразени со коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе