177 гласови за, 155 против, 18 воздржани

Шпанија: Вонредната состојба продолжена до 21 јуни, опозицијата го обвинува Санчез за злоупотреба

Шпанскиот парламент денеска изгласа продолжување на вонредната состојба до 21 јуни, последен пат да се продолжува мерката воведена на барање на премиерот Педро Санчез заради борбата против пандемијата на коронавирусот.

Фото: ЕПА

Пратениците одобрија продолжување со 177 гласови за, 155 против и 18 воздржани.

Санчез, кој нема апсолутно мнозинство во парламентот, ги обезбеди гласовите од неколку помали партии за да може да се усвои ова продолжување, и покрај острите критики од десничарската опозиција.

Вонредната состојба е воведена на 14 март, кога епидемијата се појави во Шпанија, а истата е продолжувана пет пати за да може да се применуваат рестриктивните мерки меѓу најстрогите во светот, кои подоцна се ублажувани во фази и по региони.

Иако пандемијата се смирува, шпанската влада смета дека е важно да се задржи вонредната состојба за да се контролира ублажувањето на мерките што треба постепено да се укинуваат до крајот на јуни, почетокот на јули, во земјата во која од коронавирус починале повеќе од 27.000 луѓе.

Мерката ќе биде укината на 21 јуни, а Санчез се надева дека слободата на движење ќе биде вратена во земјата до 1 јули, кога планира да ги отвори границите за странските туристи.

Премиерот рече дека е надминат најлошиот дел од пандемијата и рече дека нема да бара понатамошни продолжувања.

Тој рече дека владата следната недела ќе усвои процедури во случај повторно избувнување на епидемијата кога повеќето ограничувања ќе бидат укинати.

Опозицијата го обвинува премиерот за злоупотреба на вонредната состојба за суспендирање на личните слободи.

Оправдувајќи ги најстрогите мерки за изолација на Западот, Санчез вели дека било неопходно да се запре практично сè за да се запре ширењето на вирусот.

„Беше многу тешко, но исто така и многу ефикасно“, рече тој, истакнувајќи дека Министерството за здравство два дена не забележало ниту еден смртен случај.

Во Шпанија, од коронавирус починале 27.128 луѓе, а заразени се нешто повеќе од 240.000.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе