Шпанија води во вакцинацијата против корона поради две главни причини

Шпанија е лидер меѓу европските земји во вакцинирањето против ковид-19 поради високата доверба во јавниот здравствен систем и силните семејни врски, кои влијаат врз вакцинацијата на поединците за да ги заштитат најблиските, пишува АФП.

Фото: ЕПА

Повеќе од 61 проценти од 47 милиони жители на Шпанија се целосно вакцинирани, што е една од највисоките стапки на вакцинација меѓу големите земји на Европската унија. Франција е на 56 проценти, а во Германија 55,2 проценти од населението е целосно вакцинирано.

50,3 проценти од Американците се целосно вакцинирани.

Еден од темелите на успешната шпанска кампања за вакцинација е довербата во здравствениот систем, изјави за АФП Јусеп Лобера, професор по социологија на Универзитетот во Мадрид.

„Во Шпанија, генерално, постои доверба во вакцините, особено во детските вакцини, традиционално повеќе отколку во другите европски земји“, рече Лобера, член на владиниот Одбор за стратегија за вакцинација.

Истражувањето на лондонскиот Империјал колеџ објавена во јуни покажа дека 79 проценти од луѓето во Шпанија имаат доверба во вакцините против ковид-19, во споредба со 62 проценти од испитаниците во САД, 56 проценти во Франција и 47 проценти во Јапонија.

За разлика од Франција и Италија, во Шпанија нема големи протести против задолжителна вакцинација за здравствените работници и пропусници за ресторани и кафулиња.

Шпанија не мораше да воведе задолжителна вакцинација за наставници или други основни работници, бидејќи „практично сите доброволно се вакцинираат“, рече во понеделникот министерката за образование Пилар Алегриа за радио Кадена Сер.

Неодамна, во раните утрински часови, голема група луѓе, главно во триесеттите години, чекале на жешкото сонце за да влезат во центарот за масовна вакцинација во спортската сала Визинк во Мадрид.

Меѓу нив била и Инес Гомез Калво, 28-годишна графичка дизајнерка. Таа вели дека му верува на шпанскиот систем за јавно здравје „двесте проценти“.

Блиските семејни врски, исто така, ја објаснуваат подготвеноста за вакцинација во Шпанија. Имено, 55 проценти од луѓето на возраст од 25 до 29 години сè уште живеат со своите родители.

Алехандро Косталес, 30-годишен адвокат кој чекал да се вакцинира во центарот Визинк, рече дека така „се грижи“ за своето семејство.

„Тоа ми дава гаранција дека можам да одам дома и да не ги заразам“, рече тој.

Лобера наведува дека младите луѓе во Шпанија многу потешко се осамостојуваат, бидејќи уделот на несигурни работни места е голем.

„Тоа значи дека семејството дејствува како спасител во кризи“, објаснува тој.

 Трауматското искуство на Шпанија со вакцината против детска парализа, исто така, објаснува зошто таму сакаат да се вакцинираат.

Додека неколку држави почнале да вакцинираат против детска парализа во средината на 1950-тите, властите под диктаторот Франциско Франко чекале скоро една деценија подолго.

Како резултат на тоа, илјадници деца се заразиле, што резултирало со сериозни физички тешкотии и бројни смртни случаи.

Оваа негрижа на режимот на Франко ја наведе шпанската социјалистичка влада да ги класифицира луѓето кои страдале од детска парализа како жртви на диктатура.

„Тоа беше апсолутна катастрофа“, рече Хавиер Гарсија, претседател на здружението „Кота Церо“, кое ги претставува жртвите.

Шеесетгодишниот Гарсија, инвалид во количка, како дете имал 17 операции на нога.

Дури на четири години можел сам да стане, па дури и тогаш му била потребна ортопедска помош.

Тој не се сомнева во корисноста на вакцинацијата против ковид-19.

„Важно е секој да ја добие (вакцината). Колку порано, толку подобро“, вели тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе