Според британски Тајмс

Шпанија слави победа, Гибралтар ѝ се лизга од раце на Британија

Признавањето на Гибралтар за британска колонија беше првата дипломатска победа за Шпанија, рече шпанскиот министер за надворешни работи, Џозеп Борел.

Ако дојде до брегзит, оваа спорна територија ќе стане трета држава и за секое решение во врска со Гибралтар ќе биде потребна согласност од Шпанија, пишува британски Тајмс.

Шпанија смета дека брегзитот ќе ѝ донесе победа во спорот со Велика Британија за статусот на Гибралтар, вели весникот.

Одлуката на Брисел во февруари дека територијата на Гибралтар треба да се нарекува „колонија на британската круна“ беше повеќе од симболична победа за Мадрид. Таа значи дека секој иден договор за односите со оваа мала територија мора да биде прифатен од Шпанија, рече шпанскиот министер за надворешни работи, Џосеп Борел. Како што објаснува весникот, ова прашање е поврзано со брегзитот.

Според написот, указот е донесен како дел од договорот што треба да им обезбеди на Британците безвизно движење во рамките на ЕУ во случај на „тврд“ брегзит.

На крај, 33.000 луѓе се вброени во категорија одвоена од граѓаните на Обединетото Кралство, кои имаат исти права на патување, а во ОН се внесени барањата на Шпанија за суверенитет над Гибралтар.

„Тоа е повеќе од симболична победа. Да, тоа беше дипломатска победа за Шпанија“, рече Борел.

„Ако Велика Британија излезе од ЕУ, а ние сè уште не знаеме дали ова воопшто ќе се случи, Гибралтар ќе стане трета земја“, додаде шпанскиот министер за надворешни работи, нагласувајќи дека за сите преговори со ЕУ за статусот на Гибралтар ќе биде потребно одобрување од шпанска страна.

Џозеп Борел рече дека неколку шпански влади, како леви, така и десни, се обидувале да го вратат Гибралтар, кој Шпанија ѝ предала на Велика Британија во 1713 година, во согласност со Договорот од Утрехт. Сепак, тој призна дека просечниот Шпанец не е опседнат со идејата за враќање на Гибралтар, пишува Тајмс.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе