Шпанија реагираше на барањето за визна либерализација на ЕУ за Косово

Одборот за надворешни работи на Европскиот парламент усвои извештај за Косово, а во истиот пакет е усвоен и извештај за Србија.

EPA-EFE

Во извештајот за Косово се повикува Советот на Европската Унија итно да донесе одлука за либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово, се изразува поддршка за прием во Советот на Европа, а петте држави членки кои не ја признаваат самопрогласената косовска независност се повикуваат да го направат тоа.

За извештајот за Косово кој го претстави известувачката на Европскиот парламент за Косово Виола фон Крамон во Одборот за надворешни работи на Европскиот парламент гласаа 43 пратеници, девет беа против а пет воздржани.

На извештајот за Косово се поднесени повеќе од 300 амандмани. Пратениците од Шпанија побараа од извештајот да се исфрлат сите референци кои го третираат Косово како држава.

Одделни пратеници на крајната десница, главно од Германија и Франција, предложија наместо повикување на визна либерализација, да се каже дека визите не треба да се либерализираат во блиска иднина.

Во документот се наведува дека Европскиот парламент е задоволен што Косово се придружило на ставовите на Европската Унија во врска со руската агресија на Украина, и со специјална резолуција вовело санкции.

По гласањето во Одборот за надворешни работи, извештајот ќе биде разгледуван и усвоен како резолуција на Европскиот парламент. Тие резолуции имаат политичка тежина, но не се обврзувачки.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе