Шпанија повлече свој воен брод од Персискиот Залив за да „избегне да биде вовлечена во конфликт со Иран“

Шпанија повлече свој борбен брод од воената група предводена од Соединетите Држави во Персискиот Залив затоа што „САД ја измениле оригиналната мисија“, изјави шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес.

Шпанската фрегата „Мендез Нуњез“ требаше да го придружува американскиот носач на авиони УСС „Абрахам Линколн“ кон Иран, но денес Мадрид соопшти дека бродот со екипаж од 215 морнари е привремено повлече. Во соопштението не е наведена причина за потегот, пренесува шпански Ла паис, но истакнува дека одлуката била донесена за да се „избегне какво било недоброволно вовлекување во конфликт со Иран“.

Роблес за време на посетата на Брисел кажа дека Шпанија пред две години го договорила со САД испраќањето на фрегатата во заедничка мисија како практична вежба и за да ја одбележи 500-годишнината од обиколувањето на светот на експедицијата Магелан-Елкано која била финансирана од шпанската круна.

„Сегашната мисија на УСС Абрахам Линколн не беше предвидена во тој момент. Ја почитуваме таа (американска) одлука, а кога мисијата ќе се врати во рамки на она што беше предвидено, шпанската воена морнарица ќе се врати во воената група“, изјави денес Роблес.

Одлуката на Шпанија е техничка и воена, а не политичка, кажа таа и додаде дека Мадрид ги почитува одлуките на Вашингтон.

„Имам професионална деформација како правник па кога ќе видам дека се излегува надвор од рамките на договорот сметам дека најдоброто решение е привремена суспензија“, додаде Роблес.

Во американската воена група не учествува ниту еден друг воен брод освен шпанскиот.

Бродот „Мендез Нуњез“ би требало да остане во Индискиот Океан сѐ додека американските бродови не се вратат од Персискиот Залив, каде што се упатени. Потоа тој би можел повторно да им се приклучи.

Шпанскиот министер за надворешни работи Јосеп Борел кажа во Мадрид дека одлуката на шпанското министерство за одбрана „не треба да се сфаќа како нешто значајно“.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе