Сред каталонската криза

Шпанија го одбележа националниот ден со приказ на единство

Шпанија денес го одбележа својот национален ден со приказ на единство во пресрет на напорите за независност на Каталонија, еден ден откако централната влада сепаратистичкиот лидер на регионот му даде краен рок да се откаже од обидот за отцепување.

Земјата страда од најлошата политичка криза на една генерација откако сепаратистите во богатиот североисточен регион гласаа на забранетиот референдум на 1 октомври да се одделат од Шпанија.

За да го одбележат државниот празник, премиерот Маријано Рахој и кралот Фелипе VI присуствуваа на традиционалната воена парада во централниот дел на Мадрид, пренесе АФП.

Вооружените сили маршираа покрај булеварот Пасео де ла Кастелана во Мадрид за да го одбележат денот кога Кристофер Колумбо првпат пристигна во Америка во 1492 година.

Одделни митинзи за единство, вклучувајќи го и оној од членовите на екстремно десничарското движење, започнаа во каталонскиот главен град Барселона.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе