четврток, 25 април 2024

Сенатот во Мексико жртвуваше кокошка за богот на дождот, (ВИДЕО)

Во мексиканскиот Сенат беше жртвувана кокошка за да му се понуди нејзината крв на ацтечкиот бог на дождот Тлалок, а овој невообичаен обред предизвика гнев во земјата.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Собраниската седница беше пренесувана на социјалните мрежи, но беше прекината кога еден од присутните, со звуци на тапани во заднината, ѝ го пресече грлото на кокошката за да ѝ ја собере крвта во сад.

Церемонијата ја организираше сенаторот Адолфо Гомес, член на владејачката партија Морено. Сенатот се огради од претставата, префрлајќи ја одговорноста исклучиво на сенаторот, против кого се најавени дисциплински мерки.

Снимката може да биде вознемирувачка.

Гомес го оправдал жртвувањето повикувајќи се на древните обичаи. Уставот на Мексико предвидува дека е соодветно да се „почитуваат традициите на изворните народи“ на земјата, им рече тој на новинарите.

Здруженијата за заштита на правата на животните, пак, потсетуваат дека жртвувањето и малтретирањето на животните е забрането во главниот град на Мексико. Организацијата Анима натуралис Мехико најави тужба против сенаторот и протест пред Сенатот, каде што ќе бараат Гомес да поднесе оставка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ