Шпанија, Германија и Велика Британија се против блокада на договорот со Бразил

Шпанија „не го дели ставот за блокада на трговскиот договор" меѓу Европската унија и земјите на Меркосур (Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај) што во петокот го предложи францускиот претседател Емануел Макрон како одговор на шумските пожари во Бразил, соопшти шпанската влада во саботата, придружувајќи им се така на Германија и Велика Британија.

„Шпанија ги предводеше последните напори за потпишување на договорот на ЕУ и Меркосур, што ќе отвори големи можности за двата регионални блока“, истакна Мадрид, изразувајќи спротивставување на „запирање на ратификацијата“ на спорниот договор за слободна трговија.

Портпаролот на германската влада уште во петокот оцени дека спротивставувањето на договорот меѓу ЕУ и Меркосур не е „соодветен одговор на тековните случувања во Бразил“.

„Непотпишување на договор со Меркосур нема да придонесе за помало уништување на бразилските шуми“, додаде тој.

И британскиот премиер Борис Џонсон по пристигнувањето во Бијариц, каде се одржува самитот на Г7, го критикуваше предлогот на Макрон.

„Постојат секакви луѓе кои, под било каков изговор, ќе се мешаат во трговијата и ќе загрозуваат трговски договори, а тоа не го сакам“, им рече Џонсон на новинарите.

Во петокот, од канцеларијата на Макрон е соопштено дека одлуките на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во последните неколку недели покажуваат дека тој одлучил да не ги почитува климатските обврски што ги преземал на самитот Г20 во Осака, Јапонија.

„Претседателот може единствено да заклучи дека претседателот Болсонаро го лажел на средбата на врвот во Осака“, објави Елисејската палата.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе