Мадрид

Шпанија: Членовите на новата влада положија заклетва

Дваесет и двајца министри на новата шпанска влада на Педро Санчез денес положија заклетва на церемонијата на која присуствуваше и шпанскиот крал Филип Шести.

Пет министри на новиот кабинет се членови на партијата „Обединети можеме“, а нејзиниот лидер Пабло Иглесијас е еден од вицепремиерите, пренесува АП.

Како цели на новата администрација, Санчез постави социјални реформи, економски раст и дијалог со сепаратистите во Каталонија.

При положувањето на заклетвата, сите министри индивидуално се заколнаа дека ќе го почитуваат шпанскиот Устав и ќе му бидат лојални на кралот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе