Шпанецот Јосеп Борел официјално именуван за нов шеф на европската дипломатија

Членките на Европската Унија го именуваа Шпанецот Јосеп Борел за шеф на надворешната политика на ЕУ по истекот на мандатот на Федерика Могерини на крајот на октомври, објави денес Европскиот совет.

Советот официјално го именуваше шпанскиот министер за надворешни работи по одобрувањето од новоизбраната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, соопшти портпаролот.

За да го обезбеди мандатот кој ќе трае до октомври 2024 година, најпрво треба да го потврди Европскиот парламент заедно со сите членови на Комисијата.

Борел, 72-годишен социјалист, е министер за надворешни работи во владата на премиерот Педро Санчез од јуни 2018. Во шпанската политика е од доцните 1970-ти, а има искуство и надвор од неа. тој го водеше Европскиот универзитетски институт во Фиренца од 2010 до 2012 и беше претседател на Европскиот парламент од 2004 до 2007 година.

Иако Борел е од Каталонија, тој е цврст противник на отцепувањето на тој регион од Шпанија.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе