Шпанците го критикуваат својот пилот што му пријде на авионот на Шојгу: Немаме што да бараме на Балтикот

Читателите на весникот „Ел Конфиденсијал“ го оценуваа инцидентот над Балтикот, кога шпанскиот ловец Ф-18 од НАТО му се приближи на авионот на рускиот министер за одбрана.

Тие ги изразија своите размислувања во коментари под текстот, „Шпански ловец на НАТО протеран од авионот на рускиот министер за одбрана“.

„Западните граници на ’новата руска империја’ не се област што ги допира нашите стратегиски интереси. Русија не е наш конкурент, туку е увозник на нашите производи“, напиша еден корисник.

„Работата е во тоа што Шпанците немаат што да бараат во Балтикот. Што сме изгубиле таму? Русија не ни е ниту непријател, ниту пријател“, го поддржа друг.

„На неутрална територија тоа е вообичаено - да се штити авион со службено лице на такво ниво. Зарем другите земји постапуваат поинаку?“, праша трет.

Сепак, имаше и некои што размислуваа поинаку. Тие сметаат дека е оправдано присуството на шпански ловец на Балтикот.

„Што правиме ние на границата на Европа, илјадници километри од Шпанија? Ја штитиме Европа од најстрашната опасност за демократијата. Русија е држава што ги напаѓа сите свои соседи: Чеченија, Грузија, Украина“, напиша корисник што очигледно не знае дека Чеченија повеќе од 200 години е дел од Русија.

Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека инцидентот се случил кога авион со министерот, придружуван од два руски борбени авиони „Су-27“ од руската Балтичка флота, од Калининград леташе кон Москва. На авионот, во кој се наоѓаше Сергеј Шојгу, се обиде да му пристапи Ф-18, но пилотите на руските ловци го избркаа авионот на НАТО, спречувајќи го да се приближи.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе