Шпанците фатија нарко-подморница нарушувајќи го патот на трговија со дрога (ФОТО+ВИДЕО)

Шпанската полиција објави дека запленила нарко-подморница од домашна изработка која можела да превезува над два тони товар.

EPA-EFE

Полицијата минатиот месец ја открила подморницата долга девет метри во изградба на Малага, на југот на Шпанија, во текот на поширока меѓународна акција против дрогата во која учествувале уште пет земји и Европол, пренесуваат агенциите.

Полупотопната подморница е широка три метри и е изградена од фиберглас и шперплочи прицврстени за структурна рамка, има три отвори на едната страна и е обоена во светлосина боја. Има два мотори од 200 коњски сили.

Рафаел Перез, шефот на шпанската полиција, кажа дека подморницата никогаш не испловила.

„Мислиме дека требало да исплови за да се сретне со матичниот брод и да ја преземе дрогата, веројатно кокаин, пред враќањето во Шпанија“, кажа Перез.

„Тоа е како санта мраз. Практично сè оди под вода освен врвот, што е единствениот дел кој би можел да се види од друг брод или хеликоптер“, кажа Перез.

Слични пловила за шверц на дрога во минатото беа откривани во Атлантскиот Океан, особено во близина на Централна и Јужна Америка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе