Шолц во Атина: Неприфатливо е Турција да го оспорува суверенитетот на Грција (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој престојува во официјална посета на Атина, оцени дека не е прифатливо Турција, како членка на НАТО, да го оспорува суверенитетот на другата членка на западниот воен пакт Грција.

EPA-EFE

„Не е прифатливо еден партнер во НАТИ да го оспорува суверенитетот на друг“, кажа Шолц во интервју за грчкиот весник Та неа.

„Тоа е вистина кога постојат повеќе или помалку прикриени воени закани“, кажа германскиот канцелар.

Шолц пристигна во Атина синоќа од Париз, а денот го почна со посета на Акропол со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Односите меѓу Атина и Анкара се напнати со години, пред сè околу разграничувањето во источниот Медитеран.

Долгогодишниот спор беше обновен во последните години со обидите на Турција да истражува наоѓалишта на гас во спорните води. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Грција, членка на Европската Унија, дека окупира острови во Егејското Море, чиј статус е одреден со договорите потпишани по Првата светска војна.

Грчкиот премиер на неформалниот европски самит во Прага на почетокот на октомври дури напушти официјална вечера за време на говор на турскиот претседател. Во последно време двете земји се обвинуваат и за несреќите на бродовите со мигранти на море.

Во разговор за францускиот магазин Ле поан, Мицотакис го критикуваше „невидено агресивниот јазик“ на Турција кон Грција.

„Во последно време сведочиме на несомнена ескалација на турската реторика со невидено агресивен јазик и навредливи изјави кон мојата земја и мене лично.

Турскиот претседател сега зборува дека може да ја нападне мојата земја ноќе. Не можете да игнорирате дека тие зборови го потврдуваат агресивниот и експанзионистички пристап кон Грција. Турската реторика се користи во интерни изборни цели“, кажа тој.

„Добрососедските односи меѓу Грција и Турција се важни не само за тие две земји туку и за цела Европа“, истакна Шолц. Ги повика двете земји да ги решат прашањата со дијалог и врз основа на меѓународното право.

Германија поради својата голема турска заедница и чувствителното мигрантско прашање се обидува да го зачува дијалогот со Анкара.

„Нашата заедничка цел, наша мисија мора да биде искористување на целосниот економски потенцијал на источниот Медитеран за доброто на сите земји“, оцени Шолц истакнувајќи дека Берлин може да придонесе во тоа во мера која заинтересираните страни ќе ја сметаат за корисна.

Ова е прва официјална посета на Шолц на Грција откако во ноември минатата година ја презема функцијата на чело на владејачката коалиција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе