Тој во интервју за Функе медија кажа дека војната во Украина продолжува и дека е брутална, иако една клучна константа се сменила, а тоа е прекин на заканата со нуклеарно оружје. Кажа и дека и покрај длабоките поделби важно е да се продолжи дијалогот со Кремљ.
„Правиме сè што можеме за да спречиме директна војна меѓу НАТО и Русија. Таквиот судир би имал само губитници – во целиот свет“, кажа Шолц.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера оцени дека ризикот од нуклеарна војна расте, но истакна дека Русија не полудела и дека сопствениот нуклеарен арсенал го гледа само како одбранбено средство за одвраќање.