Шолц: Москва лаже за неиспорачаната гасна турбина, никој не ја побарал

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја обвини Москва за намалениот проток на гас преку гасоводот Северен тек 1 и ги отфрли наводите на рускиот државен енергетски концерн Газпром, кој тврди дека протокот е намален затоа што Германија не ја испорачала турбината за компресија на гас што е дел од гасоводот.

Фото: ЕПА

„Апсолутно ништо не ја спречува испораката на турбината во Русија. Таа може да се транспортира во секое време и е подготвена за употреба. Единственото нешто што е потребно е некој да го побара тоа“, рече Олаф Шолц при посетата на погоните на Сименс во Мулхајм на Рур, каде во моментов, по неколку месеци ремонт во Канада, се наоѓа оваа турбина.

Тој објасни дека никој во Газпром сè уште официјално не побарал транспорт на турбината или не ги испратил потребните царински документи за да може да се транспортира до пумпната станица во Виборг, во близина на руско-финската граница, каде што гасоводот Северен тек 1 влегува во Балтик. Од друга стана Газпром тврди дека од западната страна недостасуваат потребните документи.

„Сите дозволи од наша страна се тука, и тоа од Канада, каде турбината се наоѓаше на ремонт, па преку Велика Британија преку која се транспортираше, како и германските дозволи“, гарантираше германскиот канцелар.

Шолц истакна дека Газпром по ремонтот на гасоводот во јули повторно пуштил гас преку Северен тек 1, но со само 20 отсто од можниот капацитет, објаснувајќи дека причината е турбината која сè уште не е поставена на старото место.

Шолц посочи и на тоа дека гасот може да се пренесува и преку други гасоводи. Во интервју за канадскиот дневник Глоуб анд меил, Шолц рече дека намалувањето на испораките на гас во Европа е дел од стратегијата на Кремљ.

„Со испораката на турбината го разоткривме блефирањето на Путин. Тој повеќе не може да ја користи турбината како причина за намалување на протокот на гас“, рече Шолц.

За целосниот капацитет на гасоводот Северен тек 1 се потребни пет турбини, од кои само една моментално е во функција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе