Во изминатите недели тензиите се вжештија откако Литванија одлучи на стоките кои во Калининград се пренесуваат со железница и камиони да ги примени санкциите кои Европската Унија ги воведе на увозот на производи од Русија.
Русија жестоко реагираше и се закани со „практична одмазда“ доколку Европската Унија не го одблокира транспортот задржан на границата.
Шолц кажа дека задача на ЕУ е да ги утврди неопходните правила за товарниот транспорт од Русија во нејзината ексклава, сместена меѓу Литванија и Полска.
„Нормално, тие правила мора да се донесат во согласност со фактот што тука станува збор за сообраќај меѓу два дела на Русија“, кажа Шолц, додавајќи дека во тој случај не би требало да се применуваат санкциите на ЕУ против Русија, бидејќи тие производи не се увезуваат во ЕУ, туку се во транзит.
Лидерите на Европската Унија преговараат со литванските власти за изземање на транспортот од Русија во Калининград од санкциите.
„Верувам дека сега двете страни вложуваат големи напори во тој регион да дојде до деескалација“, кажа Шолц.