Шолц и Макрон бараат од Путин преговори со Зеленски и ослободување на 2.500 борци

Во телефонски разговор со Владимир Путин, германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон го повикаа рускиот лидер на „сериозни и директни преговори" со украинскиот претседател Володимир Зеленски и побараа ослободување на 2.500 заробени украински борци од Азовстал во Мариупол.

Фото: ЕПА

Во 80-минутниот разговор со рускиот претседател, двајцата лидери „инсистираа на итен прекин на огнот и повлекување на руските војници“, се вели во соопштението од кабинетот на германскиот канцелар.

Макрон и Шолц „го повикаа рускиот претседател на сериозни и директни преговори со украинскиот претседател и на дипломатско решение на конфликтот“ и побараа ослободување на околу 2.500 украински бранители од фабриката за челик Азовстал заробени од руските сили, соопшти француското претседателство по разговорите.

Целта на разговорите одржани на барање на Макрон и Шолц била да се влијае на тоа војната во Украина да се заврши.

Германскиот канцелар и францускиот претседател го повикаа рускиот претседател „и да гарантира подобра хуманитарна ситуација кога е во прашање цивилното население“.

Путин им рекол на двајцата западни лидери дека „заробените борци се третираат во согласност со меѓународното хуманитарно право, особено со Женевската конвенција и дека на членовите на Меѓународниот комитет на Црвениот крст им се дава непречен пристап“.

Тројцата лидери разговараа и за глобалниот проблем со испораката на прехранбените производи, кој е особено во фокусот поради руската агресија врз Украина. „Претседателот Путин им кажа на Макрон и Шолц дека е подготвен да дозволи продолжување на испораката на житарици од пристаништата на Црното Море“, соопшти кабинетот на Шолц.

Тој вети и дека „Русија нема да го искористи отстранувањето на минскиот појас поставен за заштита на украинските пристаништа, што ќе овозможи извоз на житарки со бродови, за да изведе воени напади“, соопшти кабинетот на Шолц, додавајќи дека тројцата лидери се согласиле „централната улога“ во гарантирањето на безбедноста на транспортот на житарките треба да ја одиграат Обединетите нации.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе